РУСИЈА НЕ ЗАГРИЗА НА ЛУКРАТИВНИТЕ ДЕЛОВНИ ПОНУДИ Вашингтон се откажува од стратегијата „бизнис за мир“

Деловната соработка повеќе не е клучен дел од понудата на САД до Русија, пишува „Фајненшл тајмс“, врз основа на разговори со високи американски претставници запознаени со промената на тактиката.

1

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи предлозите за користење на трговските договори како поттик за Русија да ја заврши војната во Украина.

Одложувањето се случува откако Москва покажа мал интерес за предложените енергетски и воздухопловни проекти, објави „Фајненшл тајмс“.






Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, им пренесоа на европските претставници дека деловната соработка повеќе не е клучен дел од понудата на САД до Русија, според извештајот на ФТ, кој цитираше петмина претставници запознати со промената на тактиката.

Високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и Кушнер, разговараа за вклучување на американски инвеститор во „Северен поток“, што снабдуваше гас за Германија, пред Русија да ја нападне Украина.

Кушнер, кој се обидува да посредува во примирје меѓу Русија и Украина и верува дека бизнисот е клучен за мирот, исто така, изнесе идеи за повоениот период, како што се американски компании кои инвестираат во руски нафтени проекти и потфати со титаниум, според ФТ.

Руските претставници првично реагираа позитивно на предлозите на САД, но во меѓувреме Русија го изгуби интересот за идејата бидејќи инсистира Украина, во замена за мир, да се откаже од територија и да направи други отстапки што Киев ги смета за неприфатливи, додава ФТ.

Поврзани содржини