📽️ ПУКНА РЕЗЕРВОАР СО 300.000 ЛИТРИ ХЕМИКАЛИЈА ВО ЛОНГВЈУ ВО САД Десетмина се повредени, има жртви

Неколку лица загинаа, а најмалку 10 се повредени по пожар и експлозија во фабрика во Лонгвју, во сојузната држава Вашингтон. Несреќата се случила по пукање на резервоар со хемиски раствор со капацитет од околу 300.000 литри.

29

Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувнал во фабрика во сојузната држава Вашингтон во САД. Пукна резервоар со 300.000 литри хемикалија. Точниот број на жртви засега не е објавен.

Итните служби во Лонгвју  интервенирале по пукање на индустриски резервоар. Засега не е објавено каков точно хемиски раствор имало во резервоарот.






Командантот на противпожарната и спасувачка служба на „Cowlitz“, Скот Голдстајн, изјавил дека најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и еден пожарникар. Според него, повредите се движат од полесни до животозагрозувачки.

– Резервоарот имал капацитет од околу 300.000 литри и бил наполнет околу 60 проценти – изјавил Голдстајн.

Од службите соопштиле дека во моментот нема непосредна опасност за околната заедница. Деталите остануваат ограничени.

Фабриката во Лонгвју е во сопственост на компанијата „Nippon Dynawave Packaging“, која е подружница на јапонската корпорација „Nippon Paper Industries“. Компанијата произведува картонска амбалажа за течности. Производството е прекинато.

 

Гувернерот на сојузната држава Вашингтон, Боб Фергусон, изразил сочувство до жртвите и нивните семејства. Тој реагирал на платформата Икс.

„Длабоко сум потресен од веста дека има загинати. Моите мисли се со работниците и нивните семејства, како и со припадниците на итните служби“, напишал Фергусон на Икс.

Локалните власти најавија дополнителни информации по завршувањето на увидот. Причините за несреќата засега не се познати. Истрагата продолжува.

Поврзани содржини