СТАРА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЌЕ БИДЕ РЕНОВИРАНА ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ Еве кои државни институции ќе се преселат таму

Директорот на СОЗР, Томовски посочи кои институции би биле сместени во овој објект, а кои во моментов плаќаат закупнина, со што ќе се заштедат пари, а ќе се обезбедат и подобри услови за вработените, во согласност со европските стандарди.

1,461

Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервју за 4ТВ.

– Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно сме на терен во самата Стара Комерцијална Банка. Овој објект се состои од три различни делови – Новиот дел, Бисер и Стар дел. Нов дел и Бисер се веќе комплетно готови, останува уште Стариот дел којшто моментално поставени се машинскиот дел, електро, подовите се поставуваат, вратите се менуваат. Рокот, којшто е последен, и после тој рок ќе почнеме да наплаќаме пенали или активирање на банкарска гаранција е 20 јуни. Сум разговарал и со изведувачот, тврди дека ќе го заврши до 20 јуни, а од надзорот исто така кажуваат дека е возможно работите да се завршат во тој рок – рече Томовски.






Директорот на СОЗР, Томовски во продолжение посочи и за размислувањата околу тоа кои институции би биле сместени во овој објект, а кои дел од нив моментално плаќаат закупнина, со што истовремено би се направиле и финансиски заштеди, како и обезбедување на соодветни простории за вработените согласно сите европски стандарди.

– Таму практично ќе внесеме повеќе институции. На следната Владина седница ќе ги одземеме од право на сопственост од сите институции и ќе ги прераспоредиме на ново. МИА ќе добие нови простории, Министерство за европски прашања, дел од Министерството за животна средина, само Инспекторатот којшто моментално е сместен во Државен завод за ревизија, размислуваме Лотарија на Македонија да ја сместиме тука, Второстепена комисија по жалби од работен однос, Национална агенција, Агенција за иселеништво. Ова се дел институции коишто ви ги кажувам коишто сега плаќаат закупнина и ние така би направиле заштеда – рече Томовски.

Тој вели дека при преселувањето ќе се внимава да се запазат стандардите за потребниот простор за вработените.

– Ако по правило одиме онака како што биле сместени овие институции во тој случај само МИА, Европски прашања и Второстепена треба да се вратат, другите да си останат каде што биле. И сега ние што правиме – ги фузираме, правиме рационализација, им даваме соодветни простории бидејќи по сите европски стандарди за еден вработен требаат од 4 до 6 квадратни метри, по таа формула идеме, пресметуваме и толку им доделуваме на институциите. Односно, да нема во една канцеларија од 50 квадрати еден вработен – рече Томовски.

Поврзани содржини