ТОПОЛ БРАН И НЕВРЕМЕ ВО ИСТ ДЕН Температурите ќе одат до 34 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло време ќе доминира низ Македонија, но метеоролозите предупредуваат на локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.

0

Македонија ја очекува претежно сончево и топло време со температури до 34 степени, но метеоролозите предупредуваат дека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а најтопло ќе биде во Гевгелија каде температурата ќе достигне до 34 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово, каде максималната температура ќе се искачи до 23 степени.






Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но попладне постојат услови за локално невреме. Температурата во главниот град ќе се движи од 16 до 34 степени.

И во наредните денови ќе продолжи сличното време – сончево и топло, со повремена нестабилност во попладневните часови.

Во четврток повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите ќе бидат од 23 до 32 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, и во петок ќе има сончево и топло време, но со можност за изолирани поројни врнежи и грмежи во попладневните часови. Температурите ќе достигнат до 30 степени.

Поврзани содржини