САД ЌЕ УДРИ НА ИРАН СО ХИПЕРСОНИЧНАТА РАКЕТА „ТЕМЕН ОРЕЛ“? Иран се закани со одговор со „многу страшно оружје“

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави фотомонтажа во која Ормускиот Теснец е наречен Трампов Проток. 

964

 

Централната команда на САД побарала хиперсоничната ракета „Темен орел“ да биде испратена на Блискиот Исток за можна употреба против Иран, објави Блумберг.

Медиумите, исто така, тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп создава меѓународна коалиција што би обезбедила премин низ Ормускиот Теснец.

„Темниот орел“ е првото хиперсонично оружје на американската армија, има долг дострел што надминува 2.700 километри и се движи со брзина над 5 маха. Дизајнирано е да погодува вредносни, временски чувствителни цели до кои сегашното оружје не може да стигне навреме или не може да продре, како подземни објекти, длабоко закопани командни бункери и сл.

Системот официјално е оперативен дури од 2025 година.

Иран, пак, денеска испрати брутална закана.

– Иран наскоро ќе се соочи со своите непријатели со „многу страшно оружје“ кое ќе им внесе страв во срцата – порача командантот на иранската морнарица, контраадмиралот Шахрам Ирани.

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави фотомонтажа во која Ормускиот Теснец е наречен Трампов Проток.

СЛЕДУВА НОВА СЕРИЈА НАПАДИ ВРЗ ИРАН? Ќе биле „кратки и силни“, на удар инфраструктурата

Поврзани содржини