🎥 ШОУ НА ПРОФЕСОРОТ-РАПЕР НА МАТУРСКА ВО КАТОЛИЧКАТА ГИМНАЗИЈА ВО ЗАДАР Учениците во транс скандираат: „Ратко, Ратко!“

Погледнете го шоуто на професорот по историја во Католичката гимназија во Задар кој со своето рапување им создаде незаборавен спомен на матурантите

98

Хит моментот е снимен на матурската забава на католичката гимназија „Иван Павле II.“ во Задар, Хрватска, каде што професорот со склоност кон рапување Ратко Рушев организирал забава за паметење за своите матуранти.

Имено, професорот Рушев самиот го напишал текстот за рап песната и ја „симнал“ музиката, а католичката гимназија ја сподели целата снимка од изведбата на Фејсбук.

Погледнете го настапот на професорот рапер, додека учениците му скандираат: „Ратко, Ратко, Ратко…“

Патем, професорот Рушев го предава предметот историја.

А дека не е единствениот талентиран професор во гимназијата покажа и настапот на уште еден професор, Грго Ивковиќ, кој предава музичко образование.

Тој на матурската настапил со бенд.

Поврзани содржини