РАМА ЈА НАРЕЧЕ „СРАМ“ ПРЕСУДАТА НА ХАГ ПРОТИВ ВОДАЧИТЕ НА ОВК Ја илустрираше ЕУ со бодликава жица
И во минатото премиерот на Албанија Еди Рама во повеќе наврати го критикуваше судењето во Хаг како неправедно.
Во непосредна реакција на пресудата, албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Фејсбук на која се гледа бодликава жица преку карта на Европа и порака од еден збор: „Marre“ („Срам“). Рама во повеќе наврати го критикуваше судењето како неправедно.
Поддржувачите на обвинетите, кои отпатуваа во Хаг за изрекувањето на пресудата и го следеа преносот во живо во јавен парк, бурно реагираа кога беа објавени осудителните пресуди. Накратко дојде до судир со холандската полиција, која употреби солзавец и палки во обид да ги смири дел од поддржувачите на ОВК.
Судот во Хаг им изрече денеска пресуди на поранешните водачи на ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими – од 13 до 25 години затвор за воени злосторства. Судот утврди одговорност за нелегално лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство, а Обвинителството не ги докажа обвиненијата за злосторства против човештвото.