🎥 НЕМИРИ ВО ХАГ ПО ПРЕСУДАТА НА ТАЧИ Полицијата уапси повеќе демонстранти

Поддржувачи на обвинетите се собраа на плоштадот Маливелд, каде што протестираа против одлуката на Специјализираните совети на Косово. Снимките од местото покажуваат насилно однесување на протестантите и зголемено полициско присуство.

0

Ескалаираше ситуацијата во Хаг по изрекувањето на пресудите за Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК.

Поддржувачи на обвинетите се собраа на плоштадот Маливелд, каде што протестираа против одлуката на Специјализираните совети на Косово. Снимките од местото покажуваат насилно однесување на протестантите и зголемено полициско присуство.






Според локалните и регионалните извештаи, дел од демонстрантите се судриле со полицијата, а има и приведени лица.

Протестите се одвиваат во близина на институциите каде што се водеше процесот против Тачи, Весели, Селими и Красниќи. Холандските власти претходно презедоа засилени безбедносни мерки токму поради најавените демонстрации.

Тензиите се зголемија веднаш по објавувањето на пресудите. Тачи беше осуден на 25 години затвор, а Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, исто така, беа прогласени за виновни и добија високи затворски казни. Судот ги прогласи четворицата за виновни за воени злосторства, вклучително за убиства, незаконско лишување од слобода, тортура и сурово постапување, додека за делот од обвинението за злосторства против човештвото беа ослободени поради недостиг на докази.

Во Хаг денеска пристигнаа голем број поддржувачи на поранешните лидери на ОВК од Косово и од дијаспората. Тачи и другите тројца обвинети во Косово и понатаму имаат значителна поддршка, а нивните приврзаници ја доживуваат пресудата како неправда кон поранешната ОВК.

Илјадници луѓе протестираа и во Приштина, каде што беа истакнувани знамиња и симболи на ОВК.

 

Четворицата имаат право на жалба.

Тачи ја отфрлаше вината во текот на целиот процес, а одбраната тврдеше дека обвинителството не докажало негова лична одговорност за злосторствата.

Судот, сепак, заклучи дека Тачи и останатите биле дел од заеднички криминален потфат насочен кон елиминирање на политички противници и други лица кои биле сметани за противници на ОВК.

ХАШИМ ТАЧИ ОСУДЕН НА 25 ГОДИНИ ЗАТВОР Лично учествувал во воени злосторства

Поврзани содржини