ПРВО МУ ГО ОПРАВАЛА РАМОТО, А ПОСЛЕ МУ СТАНАЛА ДЕВОЈКА Шварценегер се појави во Виена со својата долгогодишна партнерка

Реткото заедничко појавување на Арнолд Шварценегер и Хедер Милиган предизвика јавен интерес, а двојката пристигна во Виена за да ја поддржи неговата иницијатива за климатските промени

41

Арнолд Шварценегер се појави на јавен настан со својата долгогодишна партнерка Хедер Милиган на Австрискиот светски самит што се одржа во Виена оваа недела. Легендарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија присуствуваше на настан во палатата Хофбург со својата партнерка, каде што ја поддржаа неговата иницијатива „The Schwarzenegger Climate Initiative“.

Двојката, која е заедно од 2012 година, ретко се појавува пред камерите, па нивното пристигнување привлече дополнително внимание. Пред настанот во Австрија, двојката беше фотографирана на друга прошетка на почетокот на мај додека вечераа во Малибу, и ниту тогаш не останаа незабележани.






На настанот, тие позираа со голем број истакнати гости, меѓу кои поранешната потпретседателка на САД Камала Харис, австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и канцеларот Кристијан Стокер.

Иако се заедно повеќе од една деценија, Шварценегер и Милиган глацно ја чуваат својата приватност и избегнуваат јавни појавувања. Затоа нивните заеднички излегувања ретко остануваат незабележани.

Нивната врска започнала откако Шварценегер имал операција на рамото, во пресрет на снимањето на филмот „Escape Plan“. Според него, Хедер му помогнала да се опорави како физиотерапевтка, а се запознале благодарение на препораката од Силвестер Сталоне.

По рехабилитацијата, тој ја поканил на ручек за да ѝ се заблагодари, и наскоро се развила романтична врска.

– Едно нешто водеше кон друго – рекол тој подоцна. Тој често зборува за нивната врска со почит: „Имаме толку многу заедничко. Мислам се најдобро за неа“, објавува списанието Hello.

Пред неговата врска со Хедер, Шварценегер беше 25 години во брак со Марија Шрајвер, со која има четири деца. Нивниот брак заврши откако беше откриено дека има син (Џозеф Баена) со нивната поранешна домаќинка.

Поврзани содржини