ПРИТВОР ЗА „ХЕМИЧАРОТ“ ОД СЛАТИНО Сопственикот на лабораторијата за кокаин ќе помине 30 дена во Шутка
При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7, 62 милиметри, информираше МВР.
Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде минилабораторија и кокаин во неговиот дом во Слатино.
– При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7, 62 милиметри, по што Џ.Н. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, а потоа му беа изготвени поднесоци по членовите 215 и 396 од Кривичниот законик – потенцираат од тетовската полиција.
По изрекување на мерката притвор тој е сприведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување.