„ПОТАМАНИЛЕ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕКУ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ Поднесени пријави против екс-директорка на средно училиште во Куманово, 2 фирми и 6 вработени во МОН

Според соопштението на МВР, пријавените записници за навремено извршената услуга и фактури поднесени до Министерството за образование и наука со што „ сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“.

5,718

Директорка на средно училиште во Куманово, 6 вработени во Министерството за образование и наука и 2 фирми од Куманово со нивните сопственици се сомничат дека го оштетиле буџетот за повеќе од 530.000 евра откако распишале два тендери за превоз на ученици во време кога училиштето се реконструирало и немало настава со физичко присуство, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението, пријавените записници за навремено извршената услуга и фактури поднесени до Министерството за образование и наука со што „ сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“.






Според написот, првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга – превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката.

„Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука“, валат од МВР.

Понатаму во написот се објаснува како биле одобрени и каде биле испратени лажираните фактури:

„Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. – управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници“.

Според соопштението, првопријавена е екс-директорката на ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово против која е поднесена пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријави се поднесени и против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство” и „фалсификување или уништување на деловни книги”.

Исто така пријави има и против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование, поради сомнеж за „злоупотреба на службена положба“ и против правно лице за книговодствени услуги и неговата управителка Б.С. за кои постои сомнеж дека извршиле „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Поврзани содржини