„ПОЛИТИЧКИ ГЛОДАРИ, ПОЛИТИЧКИ НЕКРОФИЛИ“ Таткото на Фросина Кулакова удри по иницијативата „Кој е следен“
Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ - ФРОСИНЧЕ, реагираше Тодор Кулаков, татко на загинатата Фросина Кулакова.
„Кој е следен“ е продолжение на бедата на она што со години го живееме и растурениот систем на вредности, реагираше Тодор Кулаков, татко на загинатата Фросина Кулакова.
„Политички глодари, политички некрофили… И дното е пробиено… Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ – ФРОСИНЧЕ. Исто и ќе бараме начин како институционално да си превземат одговорност и да одговараат за вакви злодела, манипулации“, напиша Кулаков на Фејсбук.
Претходно и Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова објави Фејсбук статус преку кој обедлодени дека целото нејзино семејство се чувствува политички злоупотребено.