ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ГАЗДАТА НА ВОЛКОТ Може да се соочи со казна
Полицијата го бара лицето што го чувало младиот волк заловен во скопската населба Козле. Според законите, за нелегално чување диви животни се предвидени високи казни.
Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот заловен пред неколку дена во скопската населба Козле.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано, како и на лицето одговорно за неговото заробеништво.
Според законските прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, а во одредени случаи тие достигнуваат и до 20.000 евра.
Законот забранува чување диви животни
Законот за заштита на природата предвидува дека чувањето и размножувањето диви животински видови без соодветни услови и одобренија е забрането.
Случајот со волкот веќе предизвика реакции во јавноста, особено по информациите дека животното било во лоша состојба.
Скопската зоолошка градина информираше дека станува збор за млад и неухранет волк, тежок околу 25 килограми.