📷„ВЕНЕЦУЕЛА, 51. ДРЖАВА НА САД“ Трамп шокираше со мапа, Родригез му возврати

Претседателот на САД објави мапа од Венецуела покриена со американско знаме и пораката „51-ва држава“. Објавата предизвикаа бурни реакции во Латинска Америка и во Вашингтон.

0

 

Мапа на Венецуела, прекриена со американското знаме, осамна на профилот на Доналд Трамп на платформата Трут Соушал. Објавата содржеше само кратка порака, „51-ва држава“, но веднаш предизвика политички потрес.

Наследничката на Николас Мадуро, Делси Родригез, категорично ја отфрли можноста Венецуела да стане дел од САД.

– Венецуелците ја ценат независноста повеќе од сè и никогаш нема да прифатат да станат дел од друга држава – изјавила Родригез.

Според извори од Вашингтон, Трамп сериозно размислувал за сценарио во кое Венецуела би влегла под американско влијание по евентуално соборување на Николас Мадуро. Главниот мотив за операцијата, според неговите изјави, останува нафтата. Во интервју за „Фокс Њуз“, Трамп тврдеше дека Венецуела располага со резерви вредни 40 трилиони долари.

Американската администрација со месеци ги убедувала големите енергетски компании повторно да инвестираат во венецуелската нафтена индустрија. Тие заминале од Венецуела по национализацијата што ја спроведе Хуго Чавез.

Во текстот се тврди дека извозот на нафта повторно надминал 1 милион барели дневно, првпат од 2018 година. Се додава и дека „Шеврон“ останала единствената голема американска компанија што континуирано работела во Венецуела.

Трамп исто така најави дека ќе ги ослободи сите политички затвореници во Венецуела.

Не е првпат Трамп да зброува за анексија. Тој претходно „ги меркаше“ Гренланд, Панама, Куба и Канада, која исто така ја нарекуваше 51. држава на САД.

Поврзани содржини