СЕПАК Е ВОЛК Животното е младо, но неухрането и недоволно развиено

Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагаат веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, соопшти Зоолошката градина Скопје.

0

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и со странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во скопската населба Козле е волк, а не куче или мешанец, соопшти Зоолошката градина.

„Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагаат веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија“, соопшти ЗОО Скопје.

Животното не е чипирано, измерено е дека тежи 25 килограми, се додава во соопштението.

„Од страна на стручните служби беше земена крв за биохемиска анализа и за дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст“, се вели во соопштението.

Во ЗОО Скопје, се додава, денеска излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк (canis lupus). Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење.

„Апелираме до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукацијата дека дивите животни не се чуваат како домашни миленичиња на синџир. Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“, соопшти скопската зоолошка градина.

ДОПРВА ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ Е ВОЛК ИЛИ МЕЛЕЗ Скопје ЗОО чека анализа по заловувањето во Козле

Поврзани содржини