(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПРЕСУДА ЗА МОНСТРУМОТ ШТО ЈА СОМЕЛЕ УБИЕНАТА СОПРУГА ВО БЛЕНДЕР Грозоморни детали од невидено злосторство

Осудувајќи го Рибен на доживотен затвор, судијата Даниел Шмид рече дека постојат случаи што ја претвораат фикцијата во реалност, а овој случај ја промени нашата реалност.

1

Марк Рибен (43), обвинет за бруталното убиство на сопругата Кристина Јоксимовиќ денеска во Швајцарија е осуден на доживотен затвор.

По убиството, тој ја исекол главата на Кристина и ја ставил во фрижидер, а телото го искасапил и го сомелел во индустриски блендер!

Таткото на Кристина, кој ја пронашол главата на ќерка си во кеса за ѓубре, неутешно плачел во судницата по пресудата на неговиот зет.

Јавноста исклучена поради вознемирувачки детали

Убиството се случи во Швајцарија, во февруари 2024 година. Некои детали од злосторството се толку вознемирувачки што јавноста не можеше да присуствува на судските рочишта, а новинарите што известуваа за судењето мораа да седат во друга просторија.

Осудувајќи го Рибен на доживотен затвор, судијата Даниел Шмид рече дека „постојат случаи што ја претвораат фикцијата во реалност“.

– Овој случај ја промени нашата реалност – коментрирал судијата.

Случајот, кој длабоко ја вознемири јавноста во Србија, затоа што убиената жена има српско потекло, со денови ги исполнуваше насловните страници на светските медиуми. Пред денешното изрекување на пресудата, пред судот се собраа повеќе од 50 луѓе, а безбедносните мерки беа зголемени, за да се спречат немири.

Како што информираат српските медиуми, покрај отслужувањето на доживотна казна затвор, Марк Рибен ќе мора да плати 100.000 швајцарски франци како отштета на двете ќерки што ги имал со Кристина, кои имаат 6 и 5 години, како и 120.000 франци на нејзиниот татко, 100.000 франци на нејзината мајка и 60.000 франци на нејзината сестра.

– Однесувањето на Марк по злосторството беше речиси неверојатно во својата суровост и апсурдност. Човекот дејствуваше систематски и со план. Неговото однесување го покажа целиот обем на неговата омраза кон убиената жена – потенцираа обвинителите во завршни зборови.

На почетокот на судењето Рибен тврдеше дека смртта на Кристина била „несреќа“.

– На моето семејство му предизвикав огромно страдање. Зошто? Зошто не успеав? Зошто не можев да го спречам тоа? Зошто не можев да спречам да умре од моја рака? Ја сакав сопругата со сето срце и верував во заедничка иднина. Ме прогонува дење и ноќе. Она што го направив е апсолутно неоправдано и ја преземам целосната одговорност. Длабоко жалам и се извинувам – рече Рибен во судницата.

Страшното злосторство ја шокираше Европа

Кристина беше убиена во својот дом во февруари 2024 година, а на злосторството наводно претходела кавга со сопругот, затоа што таа побарала развод.

Иако тие изгледале како идиличен пар за пошироката јавност, вистината е дека Кристина со години трпела страшно вербално и физичко насилство, за кое се жалела на своите најблиски. Го одложувала разводот од Марк од страв да не ги изгуби своите деца, бидејќи тој постојано се заканувал дека ќе ѝ ги одземе ќерките.

Кога беа пронајдени останките на Кристина, многумина не можеа да поверуваат што се случило. Кристина порано беше Мис Швајцарија и им предаваше на модели. Марк е син на успешен адвокат, со добра работа, живееја во голема куќа, а Марк беше познат како посветен сопруг и татко.

Кристина на социјалните на мрежи редовно објавуваше фотографии од себеси како се смее со својот сопруг и нивните две ќерки. Само еден месец пред да биде убиена, Кристина сподели фотографии од нејзиното „бегство со сопругот“, од луксузен хотел над езерото во Луцерн. Однадвор, тоа беше слика на успех и стабилност – а потоа се случи незамисливото…

Грозоморни детали

Марк Рибен ја убил својата сопруга во напад на бес. На 13 февруари, за време на ручек, двојката разговарала за условите на претстојниот развод. Марк одбил да го прифати разводот, сакал трајно старателство над децата и да ја лиши сопругата од финансиска издршка.

Конфликтот ескалирал, а потоа Рибен ја зграпчил Кристина за грлото и ја притиснла на ѕидот. Потоа ѝ завиткал „предмет сличен на лента“ околу вратот и ја задавил и го уништил нејзиното тело.

Аутопсијата покажа дека на делови од телото на Кристина имало знаци на траума од тап предмет, вклучувајќи посекотини на лицето и модринки на ногата, стапалото, лопатките и задниот дел од главата. Дел од косата ѝ беше извлечен.

 

Фото: Социјални мрежи

 

По нејзината смрт, Рибен го распарчал нејзиното тело со нож и со градинарски ножици.

Истражителите велат дека тој „внимателно ја отстранил“ нејзината матка. Експертите тоа го опишаа како „намерно осакатување или ритуализирано деградирање на телото“ што може да укажува на ментално нарушување.

Некои делови од телото ги ставил во индустриски блендер, а додека други ги растворил во хемиски раствор.

Истражителите, исто така, открија дека тој пуштал видеа од Јутјуб на својот телефон додека го вршел распарчувањето.

Во подрумската перална на семејната куќа, опишана како „изолиран бункер со дебели бетонски ѕидови“, истражителите подоцна откриле „голем број кожни клапи, некои со прикачени мускули“, заедно со „парчиња мускули и коски“.

Таткото ја пронашол главата на Кристина во вреќа за ѓубре

Деловите од распарченото тело на Кристина првично ги открил нејзиниот татко. Откако таа не ги зела ќерките од градинка, нејзините родители се загрижиле. Кога таткото на Кристина отишол во нејзината куќа, Марк прво тврдел дека не знае каде е Кристина. Со часови се однесувал како ништо да не се случило. Тој готвел вечера и нормално разговарал со својот дедо, а потоа ги подготвил децата за спиење.

– Марк инсистирал дека не знае каде е Кристина и тврдел дека таа така „си одела“ – изјавил пријателот на Кристина за медиумите.

Додека Марк разговарал со мајката на Кристина по телефон, нејзиниот татко почнал да ја пребарува куќата, соба по соба. Во подрумот, таткото на Кристина видел црна вреќа за ѓубре од која штрчеле прамени руса коса.

– Кога ја отворил вреќата, ја видел отсечената глава на Кристина внатре – изјавил пријател за Дејли меил.

Таткото на Кристина истрчал од куќата врескајќи, го запрел првиот минувач и извикал веднаш да се јави полиција, а потоа влегол во куќата, за да се соочи со својот зет.

Не покажал никакви емоции

Според истрагата, Марк Рибен, кој очигледно не очекувал телото да биде пронајдено толку брзо, не покажал никакви емоции или вознемиреност за време на апсењето. За време на сослушувањето признал дека го распарчил телото на својата сопруга, наведувајќи дека ја убил во самоодбрана и дека „го осакатил телото во паника“.

Опишувајќи што се случило пред убиството, рекол дека имал „позитивен“ разговор со Кристина пред таа „ненадејно да го нападне со нож“.

По злосторството се појавиле сведоштва на пријатели, кои детално опишуваат сосема поинаква приватна реалност, обележана со насилство и со злоупотреби. Еден од најблиските пријатели на Кристина тврдел дека Марк Рибен сакал да ја држи Кристина под контрола и дека тие станувале сè поповлечени.

– На почетокот беше навистина заљубена, но малку се изненадив кога влезе во врска со него бидејќи воопшто не ѝ одговараше. Изгледаше многу интровертен, многу критичен, а понекогаш и доста арогантен. Тој беше навистина навредлив кон неа, со гестови, зборови… сакаше Кристина да исчезне – рекол пријател.

Фото: Социјални мрежи

 

Според него, врската на Кристина и Марк се влошила откако се родиле децата.

– Кристина често се жалеше дека нивната врска тргнала наопаку. Тој се затвораше уште повеќе во себе и не дозволуваше никој да му се приближи. Таа се обидуваше да разговара со него, за да го спаси бракот. Одеа и на терапија кај психолог, но тој секогаш ја напушташе сеансата или едноставно не се појавуваше. Таа не знаеше што друго да прави, а ситуацијата се влошуваше – тврди пријателот.

Пријателката на Кристина, исто така, истакнува дека еднаш ѝ се пожалила дека морала да се јави во полиција.

– Таа не сакаше да ми ги каже деталите, само дека бил насилен и дека ѝ се заканувал дека ако се јави во полиција ќе сврти сè и ќе ја обвини, па „ќе види што ќе се случи со неа – рече пријателката.

Долгогодишниот пријател на Кристина го опиша Марк Рибен како сè поопсесивен, особено кога станува збор за нивните деца.

– Тие беа неговиот совршен проект, а Кристина го вознемируваше – рече тој.

Додаде дека тој контролирал многу аспекти од нивното воспитување, од строгите термини за спиење до забраната за време пред екран и ограничувањето на она што можат да го слушаат.

Наводно, тој инсистирал да избегнуваат „женска облека“.

– Тој ја мрази женственоста – додаде тој.

Промислено убиство поради себичност

Според обвинението, Рибен го извршил убиството намерно и промислено, со целосна свест и од „себичен став и менталитет карактеризиран со потреба за контрола, повредени чувства, одмазда и интензивен гнев“.

Форензички психолог му дијагностицирал нарцисоидни и опсесивно-компулсивни особини, опишувајќи го како „високо рационален мислител со изразена когнитивно-техничка перспектива“. Споед истражителите Рибен покажал „недостаток на емпатија и ладнокрвност по убиството на својата сопруга“ и покажал „садистичко-социопатски особини“.

Неговите карактеристики на ризик вклучуваат „зголемена ригидност“, зголемена потреба за контрола, егоцентричност, реактивност предизвикана од гнев и манипулативни тенденции.

Психијатар го оспори тврдењето за самоодбрана, наведувајќи дека жртвите по ненадејни и опасни по живот напади обично веднаш одат во полиција за да ја пријават траумата без двоумење или филтрирање на деталите. Споед него, однесувањето на убиецот по убиството се состоело од серија „брзи, целни и методично извршени дејствија“, што е спротивно на тврдењето на Рибен за „паника“, туку сакал да отстрани што е можно повеќе траги, вклучително и телото, со цел да го прикрие она што го сторил.

Поврзани содржини