БЕЛИ ВОЛЦИ ИЗБЕГАЛЕ ОД ЖИВЕАЛИШТАТА И УБИЛЕ 4 КЕНГУРИ И НЕКОЛКУ ПТИЦИ ЕМУ? Зоолошката градина Скопје не го потврдува инцидентот ниту го демантира

На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во нивното живеалиште. 

0

Бели волци во саботата избегале од нивното живеалиште и усмртиле четири кенгури од Зоолошката градина во Скопје и неколку ему птици, пишува порталот Петс.мк. 

ЗОО Скопје до овој момент се нема огласено во однос на оваа информација, која го засега интересот на јавноста.






Според пишувањата на Петс.мк повикувајќи се на извори од Зоолошката градина – Скопје, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици. На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во нивното живеалиште.

Порталот вели и дека В.д. директорката на ЗОО Скопје Катерина Костова не одговорила на нивните повици, за да образложи како се случило белите волци да избегаат од нивното живеалиште и од кои причини тоа не било соодветно обезбедено, за да не дојде до ваков инцидент и до угинување на животни и птици во Зоолошката градина.

Поврзани содржини