ЦРНОГОРЦИТЕ СЕКОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ИМААТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Еве како е тоа замислено

Во неделата што му претходи на последниот викенд во месецот, вработениот би имал право на слободен петок, односно на одмор од 24 часа кој се користи во петок, а кој се надоврзува на редовниот одмор од членот 76, со што се добива непрекинат одмор

2

Во Црна Гора е поднесен предлог на измени на Законот за работни односи со кои секој месец ќе има еден продолжен викенд за работниците, пишува Vijesti.

Измените во собраниска процедура ги достави пратеничката група на Демократска Црна Гора, која вели дека има цел понатамошно подобрување на правата на вработените и подигнување на квалитетот на работниот живот во Црна Гора.






Пратеникот на демократите, Душко Стјеповиќ, соопшти дека со предлогот се предвидува вработените да имаат право на слободен петок пред последниот викенд од месецот, што заедно со тој викенд ќе значи и официјално продолжен викенд еднаш месечно.

-Во неделата што му претходи на последниот викенд во месецот, вработениот би имал право на слободен петок, односно на одмор од 24 часа кој се користи во петок, а кој се надоврзува на редовниот одмор од членот 76, со што се добива непрекинат одмор- објаснува пратеникот.

Според него, ова решение претставува современ и одговорен чекор напред во областа на работничките права, насочен кон зачувување на физичкото и менталното здравје на вработените, зајакнување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, како и создавање услови за поголема мотивација и продуктивност на работното место.

Пратеничката група на демократите нагласува дека предложената мерка може да има значајни социјални и економски придобивки преку зајакнување на семејните врски, поголемо учество на граѓаните во културни, спортски и социјални активности, како и дополнително стимулирање на домашниот туризам и локалната економија.

Поврзани содржини