ПРИВЕДЕНИ 12 БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ТЕТОВО Работеле без регулиран престој во Македонија

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци, соопшти тетовската полиција.

0

На градилиште на улицата Тодор Циповски Мерџан во Тетово, вчера попладне се уапсени 12 државјани на Република Бугарија, на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата во изградба, соопшти тетовската полиција.

При проверките било утврдено дека лицата имале нерегулиран и непријавен престој на територијата на државата.






„Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје. Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини