ПОЧИНА АКТЕРОТ ОД „МОЌНИТЕ РЕНЏЕРИ“ Гледачите го обожаваа поради оваа улога
Познатиот американски гласовен актер Дејв Мелоу, најпознат по улогата на Бабу во култната серија „Mighty Morphin Power Rangers“, почина во вторникот на 76-годишна возраст, по престојот на палијативна нега.

Како што пренесува ТМЗ, Мелоу ги поминал своите последни денови во домот за стари лица во Алтадена, Калифорнија.
View this post on Instagram
Неговата здравствена состојба веќе извесно време се влошувала, а според зборовите на неговиот поранешен колега, иако веста за неговата смрт била тажна, таа не била неочекувана.
Освен неговата улога во „Моќните ренџери“, Мелоу беше познат и по неговата работа на популарната франшиза „Дигимон“, каде го даде гласот на бројни ликови во англиската синхронизација.
Тој исто така бил сценарист и режисер за многу аниме проекти, а неговиот глас може да се слушне и во бројни видеоигри, меѓу кои „World of Warcraft: Legion“, „Tales of Vesperia: Definitive Edition“ и „Diablo III“.
Со заминувањето на Дејв Мелоу, светот на анимацијата и гејмингот загуби уште еден легендарен уметник чие дело ќе го паметат генерации обожаватели.