ПО 554 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА КОИ СЕ ЗАВИСНИ ОД ТУЃАТА НЕГА Србија вовед статус родител-неговател
Со воведувањето на статусот родители-негуватели, државата систематски ги признава родителите кои поради секојдневната, континуирана и интензивна грижа за детето не се во можност да се вклучат на пазарот на трудот на вообичаен начин. Целта на ова законско решение е да се препознае нивното секојдневно вклучување и да им се обезбеди на семејствата поголема економска и социјална сигурност.
Србија од 1 октомври воведува законски статус родител-негувател за родители кои се целосно посветени на грижата за деца со најтешки форми на попреченост и зависност од туѓа помош, со месечен надомест од 65.000 динари месечно (554 евра) и платени придонеси.
Српското министерство за труд, вработување, ветерани и социјални работи соопшти дека од 1 октомври 2026 година родителите ќе можат да поднесуваат барања за остварување на статусот родител-старател, електронски или директно во надлежните центри за социјална работа. Министерството додава дека се преземени сите потребни активности за процесот на аплицирање и остварување на правото да биде што е можно поедноставен, брз и достапен за родителите.
Родителот-неговател ќе го оствари правото на месечен надоместок во износ од 65.000 динари, а ќе му бидат платени и соодветните даноци и придонеси, со што ќе се обезбедат правата врз основа на пензиско и инвалидско осигурување, како и здравственото осигурување.
Со воведувањето на статусот родители-негуватели, државата систематски ги признава родителите кои поради секојдневната, континуирана и интензивна грижа за детето не се во можност да се вклучат на пазарот на трудот на вообичаен начин. Целта на ова законско решение е да се препознае нивното секојдневно вклучување и да им се обезбеди на семејствата поголема економска и социјална сигурност.
Новиот закон го воведува овој статус за оние родители кои се грижат за деца со попреченост или за деца кои страдаат од сериозни хронични заболувања.
Мерката не е врзана за конкретна дијагноза, односно во законот нема список од типот „родител на дете со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа…“. Критериумот е степенот на зависност од туѓа помош. Родител-негувател може да биде родител што живее со дете на кое, поради телесно или сензорно оштетување, интелектуални тешкотии или промени во здравствената состојба, му е потребна помош и нега од друго лице за задоволување на основните животни потреби. Тоа практично значи дека мерката е предвидена за најтешките случаи, а не за сите родители на деца со попреченост или со хронични заболувања.
Родителот треба да е способен да ја обезбедува потребната нега и не смее да биде вработен, за да го добие статусот. Вработен родител, дури и ако практично целото слободно време го поминува во грижа за тешко болно или за дете со инвалидитет, според овој закон не може да го добие статусот, а токму ова беше една од најголемите критики од здруженијата на родители.
Македонија остана меѓу последните држави на Балканот каде родителите на деца во тешка состојба немаат никаков признат статус од државата.
Статус родител-неговател има во Хрватска, Босна и Херцеговина, како и во Црна Гора.