ШЕФОТ НА ЦИА ДОШОЛ ВО МОСКВА, НО НЕ И КАЈ ПУТИН? Песков проговори за слетувањето на авионот на Внуково
Портпаротлот на Путин потврди дека шефот на ЦИА разговарал со руските разузнавачки служби и тврди дека Путин веднаш бил информиран за исходот. Сепак, директна средба со Путин немало.
Директорот на ЦИА Џон Ратклиф ненадејно и без најава пристигнал во Москва, но не се сретнал со Владимир Путин, тврди портпаролот на Путин. По слетувањето на авион на авион на Внуково во Москва за кое пишуваа медиумите, за случајот се огласи и Дмитриј Песков.
Според Песков, иако немало средба на шефот на ЦИА со Путин, рускиот претседател бил известен за разговорите што Ратклиф ги водел со руските разузнавачки претставници.
Портпаролот не открил што било ставено на маса зад затворени врати. Навел само дека контактите се одвивале преку безбедносните служби.
Тајниот канал меѓу Москва и Вашингтон
Според Песков, ваквите канали функционираат и во најтешките периоди во односите меѓу Москва и Вашингтон. Тој оценил дека е рано да се каже дали посетата ќе помогне за излез од кризата во Украина.
Ратклиф и директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, одржуваат директни контакти. Според доставените информации, тие комуницираат од пролетта 2025 година.
Целта на ваквите контакти е одржување на стратешката стабилност и намалување на ризикот од директен судир.
Четири часа зад затворени врати
Ратклиф останал во Москва само околу четири часа. Неговото доаѓање претходно не било најавено.
Корисници на „Флајтрадар“ и очевидци забележале американски воен транспортен авион Ц-17А „Глоубмастер“. На московскиот аеродром Внуково бил забележан и авион Ц-40Б. Низ градот потоа бил виден конвој дипломатски возила.
Американскиот новинар за безбедносни прашања Мајкл Вајс смета дека Ратклиф можел да донесе итна порака од Вашингтон. Според него, таа можела да се однесува на опасноста од руска ескалација кон Европа и членките на НАТО.
Официјална потврда за овие претпоставки нема.