ВО ТЕК Е ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 50 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика скопјани да се придружат
Акцијата опфаќа паркови, улици, пешачки патеки, маала и други јавни простори, а според Ѓорѓиевски, целта е граѓаните заеднички да придонесат за почиста околина.
Големата акција за чистење на Скопје продолжува денеска на повеќе од 50 локации низ градот, во која се вклучени волонтери, јавните претпријатија, општините, ученици и граѓани.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани да се приклучат на акцијата, да изберат локација во својата општина и да ги поттикнат соседите да учествуваат во расчистувањето на јавните површини.
Акцијата опфаќа паркови, улици, пешачки патеки, маала и други јавни простори, а според Ѓорѓиевски, целта е граѓаните заеднички да придонесат за почиста околина.
Акциите за чистење се организираат секоја втора недела во месецот, а градоначалникот најави дека грижата за хигиената ќе продолжи и по завршувањето на организираните активности, преку редовно одржување и одговорност на граѓаните.
„Да го исчистиме Скопје заедно, а секој ден да го чуваме“, порача Ѓорѓиевски.