„СЕКОЈ ЗАТВОР ВО СРБИЈА МИ Е ПОУБАВ ОД СОНЦЕТО ВО ТУЃА ЗЕМЈА“ Вучиќ вели дека нема да избега од земјата ако ги изгуби изборите

Немам ништо никаде, ни куќа, ни вила, ништо, ни пари, ни отворени сметки. Ме интересира само мојата Србија, во неа сум роден, во неа ќе умрам, борејќи се за неа - рече Вучиќ.

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата на претседателот на српската Демократска партија Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посета на винарија кај Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми.

– Тие кажаа дека ќе бегам, дека ќе се кријам. Зошто да бегам? Затоа што ја кренав Србија, заедно со други луѓе, на начин што никој никогаш не го направил во нејзината историја? Дека ја изградивме Србија на начин што никој никогаш не го направил? Дека го изградив Белград како што никој никогаш не го изградил – праша Вучиќ.






Вучиќ рече дека е срамно што Демократската партија, која ја опиша како некогаш голема партија со бројни интелектуалци, денес е сведена на луѓе како Миливојевиќ.

Тој оцени дека опозицијата однапред знае каков ќе биде резултатот од изборите и затоа, како што тврди, почнува да „кука“.

– Секој затвор во Србија ми е поубав од сонцето на кое било друго место во светот. Немам ништо никаде, ни куќа, ни вила, ништо, ни пари, ни отворени сметки. Ме интересира само мојата Србија, во неа сум роден, во неа ќе умрам, борејќи се за неа – кажа Вучиќ.

Вучиќ се осврна и на положбата на Србите на Косово. Тој рече дека Србија ќе ги употреби сите дипломатски и мирни средства за да го заштити српското население.

– Се обидуваме да се бориме со сите дипломатски и мирни средства за да го спасиме нашето население. Во овој момент не ни треба конфликт со НАТО, но нема да дозволиме погром и протерување на нашето население – порача Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Informer.rs (@informernovine)

Поврзани содржини