РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР 1961 СО НОВ ИМИЏ Дресот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот

0

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет.

Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот и на трофеите кои низ годините ги прославуваа заедно тимот и неговите верни навивачи.






Јубилејниот дрес наскоро ќе биде достапен и во официјална продажба, овозможувајќи им на сите вардарци, навивачи и симпатизери да го носат клубот со себе и да бидат дел од новите предизвици во сезоната 2026/27.

Вардар денес требаше да го одигра натпреварот против Динамо Панчево, но мечот е официјално одложен. Екипата се соочи со серија повреди и вирусна инфекција која ги погоди ракометарите по завршувањето на меморијалниот турнир во Охрид.

Следниот предизвик, доколку здравствената состојба на екипата дозволи, е на 2 септември во Гевгелија, каде Вардар против ГРК Охрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на Македонија.

– Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговата сила и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат неговите навивачи. Веруваме во Вардар. Веруваме во победата. И типуваме на нова шампионска титула – велат од комапнијата.

Поврзани содржини