ОД ПРЕГРАТКАТА СО БЕБЕТО ДО БРОНЗА ЗА МАКЕДОНИЈА Консевиќ славеше во Таранто, Рустемовски тргна по финале

Вероника Консевиќ ја совладала Србинката Милица Перовиќ со 7-5 и освоила бронза во категоријата до 57 килограми. Ален Рустемовски веќе има обезбеден медал, а следната борба му е за пласман во финалето.

0

Вероника Консевиќ ја заокружи убавата македонска приказна од Медитеранските игри во Таранто. Македонската борачка освои бронзен медал, а радоста ја споделила со своето 11-месечно бебе кое њ со неа на Игрите.

Консевиќ, единствената македонска претставничка во борење во слободен стил, настапи во категоријата до 57 килограми. Во борбата за бронзата ја совлада српската борачка Милица Перовиќ со 7-5.






Успешниот македонски ден го продолжи и Ален Рустемовски. Тој обезбеди најмалку бронзен медал во бокс со пласманот во полуфиналето во категоријата до 60 килограми.

Рустемовски го совлада Ариол Зенели од Албанија. Македонскиот боксер го испрати противникот на подот, а судијата ја прекина борбата 39 секунди пред крајот на третата рунда.

Рустемовски ќе се бори за финале против Шпанецот Еварт Андрес Марин Ернандез. Борбата е закажана за 15 часот.

Ернандез стигнал до полуфиналето откако го победил Гркот Јоргос Плеас со 5-0.

Македонските спортисти претходно освоија уште 3 медали во борење. Реџеп Хајдари и Вејсели стигнаа до сребро, а Магомедов до бронза.

МАЈКА НА 11-МЕСЕЧНО БЕБЕ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА Вероника Консевиќ во битка за бронза во Таранто

 

Поврзани содржини