УКРАИНА НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕСТИГНЕ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Став на Словачка за проширувањето

Украина не може да оди побрзо од Црна Гора, ниту да ги престигне Албанија или Србија, кои се подготвуваат за членство подолго време – смета премиерот на Словачка Роберт Фицо.

434

Украина не треба да напредува кон членство во Европската унија побрзо од земјите од Западен Балкан, кои се подолго во процесот на европските интеграции – рече словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Братислава.

Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето и членството во ЕУ за сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите кандидати.






– Нема исклучоци и нема кратенки. Тоа важи и за Украина – рече Фицо, додавајќи дека Украина не може да оди побрзо од Црна Гора, ниту да ги престигне Албанија или Србија, кои се подготвуваат за членство подолго време, пренесува словачката државна новинска агенција ТАСР.

Тој изјави дека словачката влада е подготвена да ги сподели сите искуства што ги стекнала од сопствениот процес на интеграција, но на Украина не треба да ѝ се даваат исклучоци во овој поглед.

– Словачката влада ќе биде апсолутно строга по ова прашање – нагласи Фицо.

Поврзани содржини