Порно-ѕвездата Кристина Лисина, позната како Kris the Foxx, почина на 29-годишна возраст.
Истражителите во моментов ја утврдуваат причината за смртта на порно-ѕвездата откако таа, наводно, паднала од 22-риот кат во зградат во Санкт Петербург, пишува „Њујорк пост“.
Полицијата досега не ги објави официјалните детали за истрагата, но „Ист2Вест њуз“ објави дека нејзиното тело е пронајдено во близина на станбена населба во областа Невски. Кристина наводно во раката имала паричка со натпис „секогаш си во моето срце“.
View this post on Instagram
Надзорните камери претходно ја снимиле како влегува во зградата додека јаде чипс, а набргу потоа нејзиното безживотно тело лежи на земја.
Полицијата не била во можност веднаш да го утврди идентитетот на порно-sвездата бидејќи со себе немала никаков документ за идентификација, само банкарската картичка.
Лисина собрала многу прегледи на својот профил за возрасни, а неодамна се пожалила дека се чувствува осамено.
„Таа сакаше да има семејство и да биде сакана“, изјавил извор за британските медиуми.
Во едно интервју, таа открила дека влегла во порно-индустријата откако не се снашла на работата во банката.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм