OTKAKO ФИРМИТЕ БЕА НЕОФИЦИЈАЛНО ОБЗНАЕНИ Агенцијата за храна ќе објави кој манипулирал со млечни производи

Директорот на АХВ е согласен дека казните за овие оператори со храна се ниски и затоа, напомена, веќе се изготвуваат измените и дополнувањата на Законот за прекршоци. Една од опциите за кои се размислува е, ако еднаш или двапати бидат фатени како манипулираат, да им се земе решението за вршење дејност во рок од 3 години.

0

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека идната недела ќе ги објави фирмите кои правеле манипулации со декларирањето на млечните производи.

Директорот на АХВ Оливер Миланов информира дека од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави Миланов, кај млечните производи со лажни декларации не е нарушена безбедноста, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите се измамени.






Директорот е согласен дека казните за овие оператори со храна се ниски и затоа, напомена, веќе се изготвуваат измените и дополнувањата на Законот за прекршоци. Една од опциите за кои се размислува е, ако еднаш или двапати бидат фатени како манипулираат, да им се земе решението за вршење дејност во рок од 3 години.

– Неофицијално мислам дека ги имате операторите, но официјално ќе ги имаме во наредниот период. Две се увозни, осум се наши компании. Веќе се вршат внатрешни контроли, зашто овие резултати што ги имаме добиено се проценка на ризик, лично од мене направени. Покрај редовните надзори, ќе се направи и аудит. Ќе се вратиме чекор наназад, да видиме дали воделе записници, дали воделе лабораториски анализи, дали ова е од пред 15 дена или постоело години наназад. Во однос на безбедноста на овие производи, безбедноста не е нарушена, нарушен е квалитетот. Нарушен е зашто е направена измама со храна на потрошувачите, манипулација со потрошувачите. Доколку декларирате дека имате 24 отсто масти, а во производот има 5 проценти масти, таа храна автоматски се уништува и се носи на депонија, подвлече Миланов.

Во врска со трајните и полутрајните производи – салами, виршли, паштети, информира дека АХВ сè уште ги нема добиено резултатите од анализите. Сепак очекува, како што истакна, дека и тука ќе има отстапувања.

– Уште ги немаме анализите. Очекувам дека би имало нешто, зашто таму премногу има ароми, бои, фосфати,.. Резултатите може да се очекуваат во наредниот период. Но, тоа не зависи од нас, туку од референтните лаборатории. Значи, од понеделник, нагласи Миланов.

Тој обелодени и дека инспекторите на АХВ многу пати на пазарот наоѓаат производи со рок на истекување.

– Ги охрабрувам граѓаните да пријават сè што ќе забележат сомнително, без разлика дали станува збор за маркет, обична, мала продавница или сендвичара. Агенцијата е браникот и бариерата за безбедноста на храната. Ние сме првата точка и за увоз и за производство на храна во Македонија, рече Миланов.

Претходно, во врска со јубилејот 15 години од постоењето на АХВ, директорот истакна дека од 4 jуни 2024 година до денес се уништени над 800 тони храна, а преку 300 тони се вратени како небезбедни во земјата производител или уништени на депонија кај нас.

Поврзани содржини