ДИВЕЕЛ НА ПАТОТ, ПОТОА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ Кривична пријава за 29-годишник од Дебар

Дебранецот предизвикал сообраќајна незгода со брзо возење, а потоа физички нападнал полицајци кои интервенирале на местото на настанот.

0

Жител на Дебар на возраст од 29 години заработи кривична пријава откако предизвикал сообраќајна незгода возејќи со голема брзина, а потоа физички нападнал полициски службеници кои интервенирале на местото на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против А.Љ.(29) од Дебар поради сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.






Според информациите на полицијата, инцидентот се случил на 29 мај годинава, кога пријавениот управувал патничко возило со голема брзина и предизвикал сообраќајна незгода.

По несреќата, на местото пристигнале полициски службеници за да извршат увид и службени дејствија, но наместо да соработува, 29-годишникот физички ги нападнал полицајците.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава и ќе следува понатамошна постапка пред надлежното обвинителство.

Поврзани содржини