Џонсон и Џонсон повлекува спрејови за сончање поради канцерогени состојки

Бензенот е класифициран како хуман канцероген, супстанција која потенцијално може да предизвика канцер во зависност од нивото и од обемот на изложеност на кожата со таа состојка.

326

Американската компанија Џонсон и Џонсон ќе повлече од пазарот пет спреја за заштита од сонце од марката Neutrogena i Avino (Aveeno) откако во некои примероци е откриена хемикалија која предизвикува рак.

Станува збор за четири аеросол производи за заштита од сонце од брендот Neutrogena – „Beach Defense“, „Cool Dry Sport“, „Invisible Daily Defense“ i „Ultra Sheer“, и за спрејот „Protect+Refresh“ од компанијата Avino, пренесува Ројтерс.






Компанијата со седиште во Њу Џерси соопштила дека потрошувачите треба да прекинат со користење на тие производи и да ги фрлат, бидејќи во интерните испитувања утврдено е ниско ниво на бензен во некои од примероците.

Џонсон и Џонсон исто така ги информира дистрибутерите и трговците да прекинат да ги продаваат тие производи и да организираат нивно враќање поради претпазливост.

Бензенот е класифициран како хуман канцероген, супстанција која потенцијално може да предизвика канцер во зависност од нивото и од обемот на изложеност на кожата со таа состојка.

Ова американска фирма додава дека бензенот не е супстанција која влегува во составот на нејзините производи за заштита од сонце и дека ја испитува причината за контаминација на нејзините производи со таа состојка.

Во соопштението се вели дека не се очекува дека секојдневното изложување на количествата на бензен, кои во истражувањата се утврдени во тие спрејови за заштита од сонце, би можело да предизвика штетни последици по здравјето

на потрошувачите им се препорачува да го контактираат својот лекар или здравствен работник ако имаат било какво двоумење, прашања или ако почувствуваат било какви проблеми кои се однесуваат на употребата на наведените производи.

Поврзани содржини