ОД КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ШУТКА ИЗВАДЕНИ ГУМИ, ПЛАСТИКА И ТЕКСТИЛ „Водовод“ апелира ѓубрето да се фрла во контејнерите

Канализацијата не е место за отпад. Секојдневно се соочуваме со затнувања предизвикани од влажни марамици, текстил, пластика, гуми и друг цврст отпад кои не треба да завршат во канализациската мрежа, вели директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Иван Митровски.

0

Изврено е генерално чистење на фекалната и атмосферската канализација на улицата Хаџи Јован Шишков во Шуто Оризари, информираше директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Иван Митровски.

Екипите работеа со цистерна под притисок и вакуум и беа рачно исчистени шахтите и сливниците, додаде тој.






„Канализацијата не е место за отпад. Секојдневно се соочуваме со затнувања предизвикани од влажни марамици, текстил, пластика, гуми и друг цврст отпад кои не треба да завршат во канализациската мрежа. Зад секоја интервенција стојат луѓе, механизација, време и средства. Многу од овие проблеми можат едноставно да се спречат. Ние продолжуваме да работиме на терен. Но, одговорноста за градот ја делиме сите. Отпадот во контејнер. Не во канализација. Да го чуваме Скопје заедно“, апелира Митровски.

Поврзани содржини