ПЛЕВНЕЛИЕВ ПРЕГОВАРАЛ СО ДВАЈЦА ПРЕМИЕРИ ЗА ПРВ ДА ГИ ВИДИ КОСКИТЕ НА САМОИЛ Еве што Бугарија требало да даде за возврат

Поранешниот бугарски премиер откри дека 3 години работел на враќањето на останките на цар Самоил и преговарал со двајца грчки премиери и со црковни поглавари. Бугарија за возврат требало да врати грчки артефакти од Првата светска војна, но договорот тогаш пропаднал.

419

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев тврди дека прв ги видел останките на цар Самоил за кои, како што вели, 3 години работел на враќањето, преговарајќи со двајца грчки премиери и со црковни поглавари.

– Преговарав со Вселенскиот патријарх. Преговарав со грчкиот патријарх. Преговарав со двајца грчки премиери. Бугарското Министерство за надворешни работи… Речиси сите се вклучија – раскажа Плевнелиев.






Плевнелиев за БТВ открива што Бугарија требало да даде за возврат за моштите за кои е најавено дека во сабота, 3 октомври, ќе ги добие Софија. Науката уште не е сигурна дали моштите пронајдени на островот св. Ахил се автентични.

Во трите години кога преговарал Плевнелиев, бугарската страна, центарот „Дујчев“ одбил да даде грчки артефакти од Првата светска војна во замена за моштите.

– Нашиот пристап беше поинаков. Освен самото постигнување договор, сакавме двајцата патријарси – патријархот на Грција и патријархот на Бугарија – да се сретнат на границата и да ги разменат овие неверојатни артефакти – објасни Плевнелиев велејќи дека така тригодишниот труд поминал залудно.

Останките што денес се чуваат во Солун му се припишуваат на цар Самуил, но нивната идентификација не е потврдена со целосна научна сигурност.

Скелетот бил откриен од грчкиот археолог Николаос Муцопулос во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро, каде што се смета дека Самоил бил погребан по смртта во 1014 година. Во близина биле откриени и други гробови, кои се поврзуваат со членови на владетелското семејство, меѓу нив и Гаврил Радомир.

Поврзани содржини