КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа и прилози за македонскиот проблем
Повеќе странски медиуми го актуелизираа проблемот со стадото крави кои слободно се шетаат низ Крива Паланка, проблем кој не се решава веќе неколку години.
Проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ Крива Паланка се најде и во странските медиуми.
„Еуроњуз“, видео без коментар во кое се гледа како животните предизвикуваат материјални штети и вознемиреност кај локалното население. Крави можат да се забележат на улиците, во сообраќајот, парковите и во близина на семејните куќи, дури и во ноќните часови.
Новинската агенција Асошиејтед Прес исто така видео прилог од Крива Паланка кој го објавија медиумите од регионот и светот. Во прилогот истакнува дека кравите се шетаат слободно низ градот и предизвикуваат хаос, а локалната власт не успева да се справи со него.
Според агенцијата проблемот е актуелен со години, а жителите на Крива Паланка, се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот.
АП објави изјава и од градоначалникот на општината Сашко Митовски во врска со проблемот.