ОД ДЛАБОК МИНУС ДОЈДОВМЕ ДО НУЛА Мицкоски очекува во иднина економскиот раст на земјава да забрза

Премиерот оцени дека го охрабруваат податоците за прометот во индустријата во третиот квартал кои покажуваат раст од 5,5%.

0

Индустриското производство е позитивно и тоа е многу значајно, имајќи ги предвид состојбите во светот, но и во Европската Унија, која е наш најголем трговски партнер. Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е за 5,5% поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и со растот на извозот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека за ова биле потребно работа и трпение.






-Сите индикатори укажуваат на тоа што ние уште на самиот почеток го велевме, дека треба трпение, дека мора полека да ги консолидираме работите и еве конечно, по речиси две и пол години, дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус. Дојдовме до точка нула, онаму од каде што би требало да почне некој што е на власт, и од сега очекувам само раст, но тоа не зависи секогаш само од нас, туку и од состојбите во светот- рече Мицкоски.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе се зборува за поинтензивен развој.

– Се надевам дека за многу скоро од денеска ќе можеме да зборуваме за поинтензивен развој – изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Поврзани содржини