ОД МАЛИОТ ОД „ЏЕРИ МЕГВАЈЕР“ ДО ШОКАНТНА УЛОГА НА ПЕДОФИЛ Џонатан Липницки кој ги освои гледачите уште како дете игра сексуален предатор во новиот филм „Прајмтајм“
Џонатан Липницки, детската ѕвезда од „Џери Мегвајер“ и „Стјуарт Литл“, денес има 35 години и игра улога на сексуален предатор, педофил, во новиот филм „Primetime“ со Роберт Патинсон.
Ако го паметите како преслаткото момче со големите очила од „Џери Мегвајер“, веројатно тешко ќе го препознаете Џонатан Липницки во неговата најнова филмска улога.
Липницки денес има 35 години и повторно се најде во центарот на вниманието со филмот „Primetime“, психолошки криминалистички трилер во кој главната улога ја има Роберт Патинсон. Филмот е инспириран од познатата емисија „To Catch a Predator“ и начинот на кој новинарот Крис Хансен и неговиот тим разоткриваа мажи осомничени дека преку интернет контактирале со малолетници.
Липницки во филмот игра еден од предаторите, лик познат по корисничкото име Crazyfrog73. Во сцената тој доаѓа во куќата мислејќи дека ќе се сретне со лице кое го смета за малолетно, а неговата појава е далеку од имиџот на детската ѕвезда по кој некогаш беше препознатлив.
View this post on Instagram
Улогата е особено впечатлива и поради целосно голата сцена во која се појавува Липницки. Самиот актер призна дека повеќе го плашел карактерот што требало да го игра отколку самата голотија.
– Како актери, сонуваме за мрачен материјал и за работи во кои навистина можеме да навлеземе – изјавил тој за „Холивуд репортер“.
Липницки објаснил дека прифаќањето на улогата за него било и начин да се ослободи од притисокот што го чувствувал уште од детството. Како млад актер, бил под огромно внимание и, како што вели, постоел страв да не направи грешка и да не ги разочара луѓето.
„Оваа улога беше дел од тоа да кажам: Немам контрола врз тоа што другите ќе мислат за мене и повеќе нема да се грижам за тоа“, рекол тој.
View this post on Instagram
Липницки ја започна кариерата на само пет години во „Џери Мегвајер“ од 1996 година, каде што го играше Реј Бојд, синот на ликот на Рене Зелвегер и посинокот на ликот на Том Круз. Токму сцените со него станаа едни од најпрепознатливите во филмот.
По успехот на „Џери Мегвајер“, следуваше „Стјуарт Литл“ во 1999 година, каде што го играше Џорџ Литл, а потоа и „Стјуарт Литл 2“, „Малиот вампир“, „Како Мајк“ и други филмови. Сепак, кога порасна, неговата кариера повеќе не се развиваше со истото темпо како во детството.
Тој никогаш целосно не се откажал од актерството. Во едно интервју минатата година зборуваше дека продолжил да оди на аудиции и да работи, иако имало периоди кога воопшто не добивал улоги.
– Глумата е нешто што отсекогаш сум го сакал, а понекогаш едноставно не ти возвраќа со иста љубов – изјавил Липницки.
Сега, речиси 30 години по „Џери Мегвајер“, тој повторно се враќа во центарот на вниманието, но со лик кој е целосна спротивност на детето по кое го памети публиката. На премиерата на „Primetime“ во Лос Анџелес на 23 септември, Липницки се појави на црвениот тепих за првпат по околу две години.
За актерот, ова не е само необична улога туку и свесен избор да преземе нешто што го поместува далеку од неговата детска слика.
– Имам 30 години актерска кариера. Понекогаш е добро, понекогаш не е толку добро, но продолжуваш понатаму – рекол Липницки во неодамнешно интервју.