ЧАД ЛОУ СЕ СООЧИ СО НАЈТЕШКАТА ЗАГУБА, ПОЧИНА НЕГОВАТА 13-ГОДИШНА ЌЕРКА „Фиона беше светлината на нашите животи“

Актерот и неговата сопруга, продуцентката Ким Пејнтер во својата изјава за смртта на ќерката упати и порака до луѓето кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје, повикувајќи ги да побараат помош.

0

Актерот Чад Лоу и неговата сопруга Ким Пејнтер ја загубија 13-годишната ќерка Фиона Хеплер Лоу. Семејството ја соопшти трагичната вест, а причината за смртта засега не е објавена.

– Длабоко сме скршени од загубата на нашата сакана Фиона – соопшти семејството во изјава споделена со „Пипл“.






Тие ја опишаа Фиона како девојче кое обожавало да танцува и било паметно, креативно и полно со љубов. Во семејната изјава се наведува и дека била обожавана од сестрите и неизмерно сакана од родителите.

– Таа беше светлината на нашите животи – напишаа Чад и Ким, додавајќи дека нејзината смрт е „погубна“ за целото семејство и дека бараат приватност додека тагуваат.

Според ТМЗ, Фиона починала во семејниот дом, а властите биле повикани околу 00:10 часот во вторникот. Нема официјална информација за околностите или причината за нејзината смрт.

Во својата изјава семејството упати и порака до луѓето кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје, повикувајќи ги да побараат помош.

Фиона беше второто од трите деца на Чад и Ким, кои се во брак од 2010 година. Нејзината постара сестра Мејбл има 17 години, а помладата Никси 10. Чад Лоу минатата година по повод 13-тиот роденден на Фиона објави фотографија и порака во која ѝ порача да продолжи да танцува низ животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chad Lowe (@ichadlowe)

Семејството Лоу во последните години веќе помина низ тешко искуство. Во пожарите во Палисејдс во јануари 2025 година го загубија својот дом. Чад тогаш сподели фотографии од моментот кога неговите ќерки се вратиле на местото каде што пораснале и ја виделе куќата целосно уништена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chad Lowe (@ichadlowe)

Чад Лоу, познат по улогите во „Life Goes On“, „24“ и „Pretty Little Liars“, е помлад брат на актерот Роб Лоу.

Поврзани содржини