ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од притвор

Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува во сабота, на 3 октомври, а на тој ден Судот по службена должност ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.

25

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави денеска претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска на брифинг со медиумите. Утре е закажано рочиште во судницата во Идризово со кое ќе почне изведувањето на доказите на одбраната.

Димовска информира дека до крајот на 2026 година се закажани 15 рочишта за овој предмет. Досега се одржани 49 рочишта, и, според Димовска, ниту едно не е одложено. Јавното обвинителство во досегашната постапка изведе 1.309 докази, распита 45 сведоци и 5 вешти лица.






Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува во сабота, на 3 октомври, а на тој ден Судот по службена должност ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.

Одбраната најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200.000 евра, со цел јавноста да биде уверена дека Јованов нема да избега од Македонија, иако таа во оваа фаза не е задолжителна, со оглед дека законски, притворот на обвинето лице за дела со максимална затворска казна до 15 години, истекува после една година.

Во врска со понудената гаранција, Судот информира дека списите се пратени во Јавното обвинителство на мислење, но оттаму сè уште нема одговор. Без мислење од Обвинителството, Судот не може да донесе одлука во врска со понудената гаранција.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а 222 беа повредени.

Поврзани содржини