СОПСТВЕНИКОТ НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ БОТЕВ УБИЕН ОД ЗАСЕДА Бугарската полиција ги блокираше влезовите во Пловдив
Убиството се случило кратко пред 1 часот по полноќ во населбата Христо Смиренски, кога Филипов бил нападнат од заседа пред својот имот. Полицијата и Обвинителството потврдија дека повикот до Итната служба 112 бил примен околу 1 часот по полноќ.
Сопственикот на фудбалскиот клуб Ботев, 53-годишниот бизнисмен Иројан Филипов, бил убиен со еден истрел во главата пред својот имот во Пловдив. Убиецот засега не е познат, а полицијата ги контролира главните влезови и излези од градот и ги проверува сомнителните возила.
Убиството се случило кратко пред 1 часот по полноќ во населбата Христо Смиренски, кога Филипов бил нападнат од заседа пред својот имот.
Полицијата и Обвинителството потврдија дека повикот до Итната служба 112 бил примен околу 1 часот по полноќ.
Засега нема официјални информации за уапсени или лица по кои се трага, ниту е познато дали некој го видел нападот.
Областа околу местото на убиството е блокирана, а сообраќајот на неколку улици е ограничен поради истрагата. Полицијата врши претреси и проверки и ги обезбедува снимките од надзорните камери во близина на комплексот „Орхидеите“.
Полициската акција е проширена и надвор од местото на злосторството. Патроли ги контролираат главните влезови и излези од Пловдив и запираат возила за кои постои сомнение дека би можеле да бидат поврзани со убиството.