„ОЧЕКУВАНО ОД СДСМ НЕМА ВИНОВНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Ковачевски и од Костадиновска Стојчевска

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив.

138

Очекувано од СДСМ и за пожарот во Универзална сала нема виновен, нема ниту извинување од Димитар Ковачевски и од Бисера Стојчевска, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и за се до сега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДСМ 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши. СДСМ ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега.Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДСМ потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски.Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДСМ, затоа и нема одговорност“, се наведува во реакцијата.






Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив.

„Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини