НЕПРИФАТЛИВО • ОЦЕНКА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА ИНВАЗИЈАТА ОД МИРАНТИ ВО СЕУТА Назад во Мароко се вратиле 25.000 луѓе

Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги почитува нашите правила. Опасните гранични преминувања мора веднаш да престанат, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

0

Сцените што доаѓаат од Сеута се неприфатливи, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, коментирајќи го вчерашниот упад на илјадници мигранти од Мароко во северноафриканската шпанска енклава Сеута.

„Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги почитува нашите правила. Опасните гранични преминувања мора веднаш да престанат. Мрежите за шверц на луѓе мора да бидат демонтирани. Враќањето на оние кои немаат право на престој мора да биде брзо, во согласност со нашите правила. На двајца комесари им доверив задача да помогнат во ставањето на ситуацијата под контрола“, објави Фон дер Лајен.






Комесарот за внатрешни работи и за мирација Магнус Брунер веќе тесно соработува со Шпанија и е подготвен да патува во најкритичните области, додаде таа.

„Тој ќе работи на обезбедување дополнителна оперативна поддршка за Шпанија, вклучително и преку Фронтекс. Потпретседателката Дубравка Шуица е во контакт со нејзиниот марокански колега. Убедена сум дека нашето тесно партнерство со Мароко ќе помогне да се постигнат конкретни резултати“, порача Фон дер Лајен.

Според властите, околу 49.000 мигранти преминале по копно и море од Мароко до Сеута во последните 24 часа. Најмалку 34 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до Сеута.

Големиот прилив на мигранти дојде откако Врховниот суд на Шпанија овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваа да стигнат до Сеута или до Мелила, друга шпанска енклава во северна Африка, не можат веднаш да бидат вратени во Мароко.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја опиша ситуацијата како „напад“ и рече дека владата работи на враќање на сите мигранти кои нелегално влегле во земјата во Мароко „што е можно поскоро“.

Неколку европски лидери изразија загриженост, а некои најавија построги гранични контроли.

Сеута, која се наоѓа на северниот брег на Мароко, е одвоена од копнена Шпанија со Гибралтарскиот Проток и долго време е една од главните дестинации за мигрантите кои се обидуваат да влезат во Европа.

Шпанските медиуми денеска јавија дека многу мигранти се вратиле во Мароко.

 

Фото: Принтскрин

 

Државниот радиодифузер РТВЕ јави дека до 13 часот (11 по Гринич), 25.000 луѓе излегле од Сеута и се вратиле во Мароко.

Поврзани содржини