📷 НЕМАЛЕ „4“ ЗА „2024“, ПА МУ ДОДАЛЕ ЦРТИЧКА НА „КЕЦОТ“ ОД „2021“ Нова предновогодишна брука на плоштадот во Скопје
Очигледно на градските служби сега им снемало бројка „4“ за да можат да ја испишат годината „2024“, па решиле да ја преправат „единицата“ од 2021 година, односно да ѝ додадат уште половина метро сијалички и да ја сторат „четворка“?!
Ако подобро ги загледате украсените бројки „2024“ кои се поставени за да му дадат предновогодишна магичност на плоштадот „Македонија“ во Скопје, тогаш лесно ќе забележите дека е прилично чуден обликот на бројката „4“ во инсталацијата.
Имено, кога ќе се сконцентрирате само на таа бројка, ќе сфатите дека всушност тоа е бројката „1“ што беше поставена на истото место пред три години за време на дочекот на 2021 година.
Но, очигледно на градските служби сега им снемало бројка „4“ за да можат да ја испишат годината „2024“, па решиле да ја преправат „единицата“ од 2021 година, односно да ѝ додадат уште половина метро сијалички и да ја сторат „четворка“?!
Во продолжение, погледнете за што станува збор: