ГРАЃАНИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ВО ЦЕНТАР ВРИЕ ОД ГЛОДАРИ Бараат надлежните да преземат мерки

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.

0

На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово се објавени фотографии од мртви стаорци. Граѓаните се жалат дека во овој дел од населбата има многу глодари.

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.






Фотографиите, според објавата, се направени на 17 септември 2026 година во строгиот Центар на градот.

Граѓаните апелираат до надлежните служби да извршат увид на терен и да преземат соодветни мерки за справување со проблемот.

Поврзани содржини