НЕМАЛ ТОЈ НИ ХАЦИЕНДА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА НА ВОДНО, А НИ ЏИП АУДИ Q8 Сето било имот на таткото на неговата сопруга, тврди Филипче

На брифинг со избрани медиуми, Филипче изјавил дека воопшто не го ни посетил тој имот и дека неговата работа секогаш била чесна.

5,291

„Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило. Тие се на таткото на мојата сопруга“.

Ова е одговорот на актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека поседува милионска хациенда на Водно и луксузно возило.






На денешниот брифинг за избрана група медиуми, Филипче изјавил дека воопшто не го ни посетил тој имот и дека неговата работа секогаш била чесна.

Да се потсетиме. Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, неколку пату побара актуелниот претседател на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче да одговори како се стекнал со хациенда на Водно  и џип Ауди Q8. Лефков побара Државната комисија за спречување на корупцијата да го истражи неговиот имот.

– Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени? Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози? Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8? – праша пратеникот Лефков.

 

Поврзани содржини