ГРАНКИТЕ БИЛЕ СЕЧЕНИ СО СЕКИРА, НАЈДЕНА Е И ЗАПАЛКА!? Сериозни индиции дека пожарот во Иловица е подметнат

Пожарот беше само на стотина метри од првите куќи и среќа во несреќа е што ветерот дуваше во спротивен правец од селото – напиша во својата објава градоначалникот на Босилово.

1

Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во објава на социјалните мрежи, тврди дека постојат индиции оти пожарот во месноста Иловица бил намерно предизвикан и дека благодарение на брзата реакција на голем број граѓани, противпожарната служба и МВР е избегната катастрофа.

„Изгорена е поголема површина со сува трева и грмушки. Пожарот беше само на стотина метри од првите куќи и среќа во несреќа е што ветерот дуваше во спротивен правец од селото. Местото каде е подметнат пожарот е утврдено, гранките се сечени со секира, најдена е запалка. Многу индиции за намерно предизвикување пожар“, напиша Манчев на Фејсбук.






Според објавата на струмичката Теирторијална противпожарна едница, пожарот избувнал вчера во перидот помеѓу 14 и 15 часот во атарот на селото и беснеел неколку часа.

„Огнот зафати поголема површина со сува трева и грмушки и беснеше околу два-три часа. На терен интервенираше екипа на ТППЕ Струмица со едно навално возило-цистерна и едно теренско возило, а во гаснењето активно се вклучи и месното население со лопати, канистри со вода и земјоделски прскалки“, се наведува во објавата на пожарникарите.

Пожарот бил успешно локализиран, а во гаснењето помогнал и дождот кој вчера попладне го зафати струмичкиот регион.

„Останува отворено прашањето: до кога ќе има неодговорни поединци кои со намерно предизвикување пожари го загрозуваат имотот, природата и, пред сè, човечките животи? Пожарот можеби е изгаснат, но опасноста од човечката неодговорност останува“,

се вели во објавата на струмичките пожарникари во врска со двата пожари.

Поврзани содржини