НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ВО СОФИЈА ДАДОА ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ Едноминутен молк пред судската палата

Неколку илјади граѓани на Софија се собраа пред Судската палата и молчеа една минута оддавајќи почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

1,783

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.






Пожарот избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.

Поврзани содржини