НАЈМАЛКУ 1.300 ИСЧЕЗНАТИ ПО СТРАОТНАТА ПОПЛАВА ВО НЕПАЛ Кина пријави 558 исчезнати лица

Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица кои се лекуваат во болници.

0

Бројот на исчезнати лица во Непал по обилната поплава во хималајскиот регион се искачи на 826, соопштија локалните власти, со што вкупниот број исчезнати во Непал и во Кина надмина 1.300.

Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица кои се лекуваат во болници. Кина пријави три жртви и 558 исчезнати лица.






Поплавата создаде огромни количини кал и предизвика одрон на карпи низ планинскиот граничен регион долж реката Боте Коши, при што беа однесени мостови, оштетени брани и затрупани домови.

Спасувачките тимови во Непал и Кина продолжија со потрагата по исчезнатите лица, но густата кал ги отежнува операциите, пренесе ДПА.

Причината за поплавниот бран сè уште се истражува.

Поврзани содржини