НЕ ОСТАНУВА ЦЕЛА ПАРТИЗАНСКА БЕЗ ВОДА „Водовод и канализација“ демантира

318

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ испрати демант до редакцијата на Плусинфо, поради, како што наведуваат, неточности во веста објавена со наслов: „ОД 22 ЧАСОТ ПАРТИЗАНСКА БЕЗ ВОДА – Карпошани да наполнат шишиња“.

Во демантот, од ЈП Водовод нагласуваат дека тврдењата изнесени во насловот не се точни и не се во согласност со фактите кои биле јавно соопштени од нивна страна.






„Не е точно дека целата улица Партизанска и жителите на Карпош ќе останат без вода. Јавно информиравме дека се работи за дефект на улицата Борка Талески и дека привремено без вода ќе биде само една зграда со број 63 на булеварот Партизански одреди. Останатите делови од населбата нема да бидат засегнати“, се вели во реакцијата од ЈП Водовод и канализација.

Оттаму потенцираат дека претпријатието настојува да биде транспарентно и навремено да ги информира граѓаните за сите дефекти, санации и прекини во водоснабдувањето.

„Апелираме до медиумите да се држат до проверени факти и да не објавуваат манипулативни наслови кои ги вознемируваат граѓаните, особено кога информациите се јавно достапни и навремено соопштени од наша страна“, наведуваат од претпријатието.

ОД 22 ЧАСОТ ПАРТИЗАНСКА БЕЗ ВОДА Карпошани да наполнат шишиња

Поврзани содржини