🎥 ВО ПОЖАРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ИЗГОРЕА 20 ДУЌАНИ Сите биле сопственост на еден човек

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.

0

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската Општина Шуто Оризари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР) во пожарот нема повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета.

Во огнетата стихија која избувнала нешто по 3 часот по полноќ, опожарени се повеќе од 20 дуќани, сите во сопственост на едно лице.






„Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.

За големината на пожарот, покрај видео-снимките што ги објави порталот 4News.mk, говори и бројот на пожарникари и противпожарни возила на скопската Противпожарна бригада кои биле ангажирани во неговото гаснење, како и времетрањето на интервенцијата.

„Во период од 03:31 до 06:45 часот со 15 пожарникари и 6 противпожарни возила гаснале запалени трговски дуќани на ул. Индира б.б.“ – информира Центарот за управување со кризи.
Засега нема информации околу можните причини за избувнување на пожарот.

Поврзани содржини