ЗАПАДНО-НИЛСКАТА ТРЕСКА ГИ „ЗАТВОРИ“ ФОНТАНИТЕ ВО КАРПОШ Општината презема превентивни мерки

Општината ги исклучи фонтаните во Бардовци, кај „Гоце Делчев“, на плоштадот „Делфина“ и во Карпош 3 како превенција од создавање услови за размножување комарци.

0

Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани на својата територија како превентивна мерка поради ризикот од ширење на вирусот на Западно-нилска треска.

Станува збор за фонтаните во Бардовци, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на плоштадот „Делфина“ во Влае и во Карпош 3, спроти „Тинекс“.






Од Општина Карпош велат дека фонтаните се исклучени со цел да се спречат услови за создавање ларви и размножување на комарци, кои можат да пренесуваат вирусни заболувања.

– Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје – велат од општина Карпош.

Поврзани содржини